Меџити: ВМРО ДПМНЕ прифати многу повеќе од СДСМ, само не СЈО

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити во емисијата На патот кон… на телевизија Алсат М, изјави дека ВМРО – ДПМНЕ прифатиле и повеќе од тоа што првично се барало од страна на албанските партии, освен СЈО.

„ВМРО-ДПМНЕ прифати и двојазичност, и геноцид и казни за директорите на институции каде нема да се збори Албански, СЕ прифатија, само за СЈО не сакаа да слушнат! Затоа не ни успеа коалицијата со нив! За ова имаме писмени докази, рече Меџети.