МЗ: Директорот на Општата болница во Охрид ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата

Директорот на Општата болница во Охрид, Горан Балески, денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, Антонио Наумоски, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинирал преку ред во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство посочуваат дека ја осудуваат секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација.

-Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира.

Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем „МојТермин“, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции, стои во соопштението.