– Миланската катедрала повторно ги отвори вратите за граѓаните и туристите, кои, покрај катедралата, можат да го посетат и археолошкиот дел, терасите и музејот.
До 2 јуни цената на влезницата во Катедралата Дуомо е за 50 проценти пониска од вообичаено, и таа овозможува посета на терасите до 20 часот, од петок до недела, што е еден час подолго отколку што беше во текот на неделата.
Организацијата Венеранда Фабрика дел Дуомо, која управува со Катедралата им понуди бесплатни влезници на членовите на семејствата на медицинските работници кои се бореа со Ковид-19.
Пред влезот во Дуомо на посетителите ќе им се мери температура, а ќе мора да носат и маски, да ги измијат рацете и да држат растојание од најмалку два метри.