Мицковски: Доаѓа крај на продавањето на македонските интереси

Оние светли моменти од македонската историја нѐ потсетуваат дека не смееме да паднеме во апатија, дека не смееме да се откажеме од борбата за подобро. Овие моменти од македонската историја велат дека е време да станеме пак во борба за повисоки вредности, за Македонија каква што заслужуваме, порача од Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски од вечерашниот митинг во центарот на градот.

Според Мицковски, доаѓа крајот на продавањето на македонските интереси.

-Денеска од Прилеп, од градот од каде што се дигна македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор порачуваме – доаѓа крајот на продавањето на македонските национални интереси. Доаѓа крајот на оваа Влада што не направи ништо освен што се обидува да го продаде македонскиот идентитет, рече Мицковски.

За Мицковски, владата не научи дека не живееме во минатото, дека кај овој народ не поминува плашењето од минатото.

-Но овој народ не признава порази и знае да се избори во она во што верува. Историјата нѐ учи на големи победи и нѐ учи да не ги повторуваме истите грешки.

Затоа, Зоран Заев знае дека народот не им верува веќе на приказните каде мисли дека со креирање на страв ќе остане на власт. Овој народ има желба за промени, рече Мицковски.

Според Мицковски бришењето на плочите од НОБ на бугарскиот окупатор е бришење на историјата.

-На народот му е доста од разочарувања. Време е за нова иднина што сите заедно ќе ја создаваме, порача Мицкоски.

Тој изјави дека Македонија нема да се предаде пред, како што рече, приказните на Заев и нема да му поминат поделбите.

– Антифашистичката борба, илинденците, оние светли моменти од македонската историја нѐ потсетуваат дека не смееме да паднеме во апатија, дека не смееме да се откажеме од борбата за подобро. Овие моменти од македонската историја нѝ велат дека е време да станеме пак во борба за повисоки вредности, за држава каква што заслужуваме, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека овој народ не признава порази и знае да се избори во она во што верува.