„Едноставно имаме спротиставени визии со претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и сеуште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба.
„Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата“, изјави Богданов за 1ТВ.
Панчо Минов пак, пратеник од ГРОМ на листата на ВМРО-ДПМНЕ изјавил дека го замрзнува неговото членство како пратеник во групата на ВМРО-ДПМНЕ се додека лидер е Христијан Мицкоски.
„И ќе бидам надвор од таа коалиција додека Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе прекинам членувањето во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се недемократски методи, истакна Минов.