Мицкоски со главата во ѕид!

LinkSense.mk

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Марсел Биљали за Инфоплус:

„Бојкотот на референдумот (било и индиректно), освен што ќе е пукање во коленото на државата, туку погубно ќе биде и за самата ДПМНЕ. Веројатно ќе следи покајувачко расположение кај негативците, а тоа ДПМНЕ целото ќе го закопа. А власта излез ќе најде во наредните избори, но ДПМНЕ ќе отиде под стечај. Наместо да носи вода со кофа без дно, Мицкоски треба да се ослободи од црната магија од минатото водство. Краткорочната жртва ќе му е најсигурна долгорочна инвестиција.

„Пред изгрејсонцето и по зајдисонцето влезот во градот строго е забранет“. Вака пишува на таблата на влезот на древниот индиски град Бангар. Кој ќе го прекршел таквото правило, мистериозно исчезнувал. Локалното население и службениците раскажуваат како бројни луѓе кои не верувале во такво нешто и одлучле да преноќат во градот, никогаш веќе не биле пронајдени! Никој не знае дали тоа е некаква необјаснива енергија, некој чуден природен феномен или вонземска сила, но факт дека ноќе во градот многу трагедии се имаат случено. Според легендата, таквата мистерија потекнува од клетвата на еден важен духовник по име Баба Балнат, кој прв изградил куќа во тоа место. Но, кога и други почнале да градат, тој ги замолил никој да не му го попречи сонцето оти неговата душа се хранела со сончеви зраци. Инаку ќе фрлел страшна клетва и градот ќе бил пуст. Тоа и се случило, кога еден принц подигнал висока палата затемнунувајќи му го сонцето. Од тогаш и многу векови наваму, во градот ноќе нема жив човек. Замоците и палатите се сосема празни. А дење градот служи како голема туристичка атракција.

Референдумот се наближува. Евроатлантскиот пат силно го грее сонцето. Тоа сонце никој не сме да го попречува, оти клетвата од два милиона луѓе ќе го снајде. А поради тоа целата држава ќе може да остане без луѓе и да служи само како туристичка атракција. ВМРО актерски плука по „капитулантскиот“ Договор и референдумот, продолжувајќи и понатаму од болните општествени девијации да направи здрава политика. Омразата да ја прикаже како љубов, лагата како вистина, измамата како чесност и принципиелност, погубното како вредност! Со таква политика низ години секој ден ни беше црн петок.

Мицкоски игра ептен слабо, затоа што освен што удира по главните столбови на државата, тој директно ја предизвикува геополитиката зад која стојат најмоќните држави на светот. Штетата може да биде огромна и за самиот Мицкоски и неговите патрони, а партијата од трнлив пат ќе ја носат кон слеп пат. И тука нема шанси да не се случи внатрепартиски земјотрес. Тој удира по референдумското прашање, со што јасно покажува дека не сака успех. Можниот неуспех ќе му се препишува лично нему, а цената ќе биде астрономска. Мицкоски не само што оди со главата во ѕид, туку упорно сака да ги убедува луѓето дека пеколот е подобар од рајот. Секому е јасно, Договорот со Грција не е направен поради нечиј ќеф или забава, туку поради НАТО и ЕУ, и овие сегменти се неразделливи и во однос на референдумското прашање. Прашањето мора да биде комплементарно, оти колку што е нелегитимно и некредибилно уникатното прашање – „Дали сте за НАТО и ЕУ“, толку е нелегитимно и уникатното прашање – „Дали сте за договрот со Грција“. И тука паѓа првата маска на ДПМНЕ. Втората ќе падне кога ќе помине изборната регулатива заедно со ДИК, а третата со т.н. Пржинската влада. И царот ќе е гол – бара амнестија за врвните криминали поради кои страдаа милиони луѓе и кои грабејќи сѐ живо не сместија меѓу последните во светот.

 Колумната на Биљали во целост прочитајте ја ТУКА.