ММФ бара од Мадрид дополнителни напори за намалување на невработеноста

Шпанија мода да превземе дополнителни напори за да ја намали долгорочната невработеност и да продолжи со процесот на буџетското прилагодување, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), укажувајќи истовремено на сеуште силното економско заздравување на земјата.

Меѓународниот кредитор, со седиште во Варшава, соопшти дека е сведок на импресивното заздравување на Шпанија за што допринесоа реформите, фискалното олабавување и монетарните иницијативи на Европската централна банка, известува њујоршката агенција „Блумберг“.

И покрај оптимистичкиот тон, ММФ предупреди на опстојување на проблемите кои произлегуваат од долгорочната невработеност, покачениот јавен долг и ниската продуктивност.

„Од клучно значење е намалувањето на ранливоста и структуралните слабости“, се наведува во извештајот на ММФ, објавен по завршувањето на проценката на економските перформанси на Шпанија.

ММФ, исто така, проценува дека економскиот раст на Шпанија ќе изнесува 3,2 отсто во оваа година и дека ќе продолжи да расте во следната година, иако со нешто поскромно темпо од 2,3 отсто, пренесува агенцијата Франс прес.

Економскиот раст на Шпанија, како што наведуваат аналитичарите, е еден од најдинамичните во еврозоната откако таа земја кон крајот на 2013 година излезе од петгодишна рецесија.

Конзервативната влада лансираше низа мерки за штедење и реформи во работното законодавство, што помогна на соборување на стапката на невработеност на 18,9 отсто во третиот овогодишен квартал.