Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, пристигна попладнево во Белград.
Таа денеска, прво, во зградата на Делегацијата на ЕУ ќе одржи состанок со претставници на организации од цивилниот сектор, а после тоа, како што е најавено, во Владата ќе се сретне со премиерката Ана Брнабиќ.
Потоа Могерини ќе се состане со нејзиниот лавен соговорник, претседателот на Србија Александар Вучиќ, а посте состанокот двајцата ќе им се обратат на медиумите.
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ за Тањуг изјави дека Могерини во Белград пред се ќе го повтори ставот дека треба да продолжи работата на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во рамки на дијалогот со кој таа посредува.
Претседателот Вучиќ пред нејзиното доаѓање изјави дека од разговорот со Могерини очекува зборови на поддршка, но дека е исто фокусиран пред се на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
За извештајот за Србија, Вучиќ наведе дека оценката на ЕК е дека Србија напредува на европскиот пат, но и дека тие работеле на тоа за себе, за да имале подобар правен поредок, подобра економија, поуредена држава.