МОДЕРНИЗАЦИЈА: Бразил и Аргентина ќе имаат заедничка валута!?

LinkSense.mk

Бразилскиот и аргентинкиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез, во заедничка изјава објавија дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучувала и воведување заедничка валута.

Тој проект првично би бил билатерален, но идејата е таа иницијатива со време да ги опфати и другите латиноамерикански држави.

„Намерата ни е да ги отстраниме бариерите што ја попречуваат нашата размена, да ги поедноставиме и модернизираме правилата и да го поттикнеме користењето на локална валута. Исто така, одлучни сме да ги унапредиме разговорите околу воведување на заедничка јужноамериканска валута која би можела да се користи како во финансискиот така и во комерцијалниот сектор, со што би се редуцирале трошоците, како и нашата надворешна ранливост“, се вели во објавата.

Во текот на оваа седмица во Буенос Аирес ќе се одржи состанок на кој ќе се разговара за тоа како новата валута, за која има предлог да се нарекува „сур“ (југ), ќе го зајакне регионалниот пазар и ќе ја намали зависноста од американскиот долар.

Разговорите меѓу Бразил и Аргентина за воведување на заедничка валута беа одржани и во 2019 година, но тогаш таа идеја беше отфрлена од Бразилската централна банка.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)