МОН ги објави сместувањата во студентските домови

LinkSense.mk

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за сместување на студентите во студентските домови.

Резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во  Република Македонија за студиската 2018/2019 година се објавени на интернет страницата www.mon.gov.mk.

Приговори по однос на резултатите се доставуваат во рок од 5 дена од денот на објавата.