Најмалку 26 лица се повредени денеска во ужасен инцидент што се случи кога украински политичар фрли три рачни бомби за време на состанокот на локалниот одбор во Керечко, Транскарпатија, регион во Украина, соопшти украинската Национална полиција.
Според првичните информации, се уште не е јасно дали службеникот што ги активирал гранатите е повреден или убиен, пишува „Киев Индипендент“.
Инцидентот се истражува како потенцијален терористички напад, соопшти полицијата.
Националната полиција објави видео на кое се гледа како маж влегува во преполна просторија, во зградата на локалната власт во градот Керецки.
Набрзо вади две гранати, ги извлекува осигурачите и ги фрла на подот. Следуваше експлозија, луѓето почнаа да врескаат, а екранот за затемни од чадот и ништо потоа не се гледаше.
Полицијата не го идентификуваше главниот актер на бомбашкиот напад, но „Украинска правда“ и другите медиуми наведуваат дека тоа е Серхи Батрин, член на локалниот совет на партијата Слуга на народот.
Регионалниот портал „Закарпатиа24“ сподели видео снимка на која Батрин, наводно, се жали од други локални функционери.
Тие тврдат дека Батрин се карал со колегите заради военото зголемување на платите на челникот на месниот одбор.
После расправијата, тврди порталот, Батрин си заминал и се вратил со гранати.
(Фото: Твитер)