Москва: Уапсен украинскиот конзул

Федералната служба за безбедност на Русија го уапси во Санкт Петербург украинскиот конзул, Александар Сосоњук додека примал доверливи информации од руски државјанин.

Како што соопштуваат од ФСБ, конзулот бил фатен на дело додека примал информации кои се наоѓаат во базата на податоци на безбедносните служби.

Во соопштението се истакнува дека активноста на Сосоњук е „непријателска кон Русија и неспоива со статусот на дипломатскиот службеник“.

Украинскиот конзул ќе биде казнет во склад со меѓународното право.

Согласно меѓународните стандарди, дипломатите имаат имунитет во земјата во која што работат, но можат да бидат лишени од правата на престој во случај на кршење на законите или превземање на непријателски акции.