Мугуруза и Венус за титула на Вимблдон

LinkSense.mk

Шпанската тенисерка Гарбиња Мугуруза и Американската Венус Вилијамс ќе играат во финалето на Вимблдон во женска конкуренција.

Прво Мугуруза денеска во првото полуфинале убедливо ја совлада Магдалена Рибарикова од Словачка со 6:1 и 6:1 и помина во своето второ финале во Лондон. Претходно, во 2015 година во мечот за титулата беше поразена од Серена Вилијамс.

Потоа, во второто полуфинале Венус ја совлада Британската Џоана Конти со 6:4 и 6:2 и после осум години повторно ќе се бори за трофеј. За Венус ова е девето финале, пет пати славеше, а три пати беше поразена, сите три пати од помладата сестра Серена.