Навални штрајкува со глад во затвор

Водачот на руската опозиција Алексеј Навални којшто се наоѓа во затвор објави дека ќе стапи во штрајк со глад со намера да ја убеди затворската управа да му овозможи соодветна медицинска нега, пренесе Ројтерс.

Оваа вест денес се појави на Инстаграм профилот на Навални.

Прогласувам штрајк со глад со намера законот да важи за сите и на докторот што јас ќе го одберам да му се дозволи да ме посети“, се наведува во коментарот под кој е потпишан Навални, а го објавија неговите адвокати.

Навални ја отслужува затворската казна од две и пол години, а неодамна на неговата интернет страница беше објавено дека затворските чувари го изложуваат на мачење така што не му дозволуваат да спие.