Над 1.300 осомничени исламисти во затвор во Турција

Вкупно 1.313 лица кои се уапсени во Турција оваа година поради сомневање дека се поврзани со Исламска држава сеуште се во притвор, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Вкупниот број приведени годинава поради сомнеж дека соработуваат со терористите е 3.359 лица.

Турските власти од 2011 до 2016 година уапсиле 7.015 луѓе, од кои 2.712 биле странски државјани.

Меѓу уапсените странци се наоѓаат државјани на Сирија, Русија, Ирак, Кина, Азербејџан, Мароко, Узбекистан и Тунис.