Наполеонова сабја на аукција во Америка

LinkSense.mk

Сабјата која ја носел Наполеон Бонапарта кога го извел државниот удар во 1799 ќе биде понудена на продажба во текот на викендот со пет други парчиња оружје кои му припаѓале на францускиот цар, објави американската аукциска куќа.

Вредноста на предметите, кои од 3 до 5 декември ќе ги понуди на аукција фирмата „Рок Исланд“ (Rock Island Auction Company) со седиште во Илиноис, проценета е на 1,5 до 3,5 милиони долари.

Сабјата со корицата е „крунски драгоцен камен“ од колекцијата, објави аукциската куќа која ќе ја организира продажбата во своите простории и по пат на Интернет.

Оружјето го изработил Николас Ноел Бутет, тогашниот директор на државната фабрика за оружје во Версај.

Се верува дека после крунисувањето за цар, Наполеон му ја подарил сабјата на генералот Жан Жонет, но подоцна жената на генералот била приморана да да продаде за да ги отплати нивните долгови.

Американски колекционер бил нејзин последен сопственик, но тој неодамна починал, навела колекционерската куќа.

Во мај годинава Франција ја прослави 200-годишнината од смртта на Наполеон.

Славниот корзиканец е еден од оние кои во француската историја предизвикуваат најмногу поделби, со неговиот огромен придонес кон стварањето модерна држава наспроти неговиот империјализам и поттикнувањето на војни.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)