Наутро со слаба магла, преку ден претежно сончево и суво

LinkSense.mk

Утринава е студено со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево и суво со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 2°C, а максимумот од 3 до 11°C.

Најстудено ова утро беше на Попова Шапка каде што во 7 часот беа измерени -9 степени Целзиусови, -4 беше во Маврово и Крушево, -3 во Лазарополе, во Берово, Претор и Дебар -2, -1 во Охрид, а 0 во Битола, Прилеп, Крива Паланка и Струмица. 2 степени над нулата беше во Тетово, Виница и Куманово, 3 во Скопје, Штип и Демир Капија и 6 во Гевгелија и Дојран.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Нова Македонија“)