Нафтена криза во Англија: Затворени 400 бензински станици

Групацијата ЕГ, која работи со 367 станици за точење гориво под брендот Бритиш Петролеум, Еко и Тексако, наметна ограничување од 30 фунти за полнење на резервоарите за да обезбеди клиентите „да имаат фер шанса да наполнат гориво“.

Возачите се повикани да наполнат гориво нормално и да не паничат, откако некои бензински пумпи беа принудени да се затворат.

Недостатокот на возачи на товарни возила доведе до проблеми со доведување на гориво, но има доволно, уверуваат властите, за да се заобиколи кризата.

И покрај уверувањата, редици се забележани на бензинските пумпи низ целата земја, создавајќи долги заостанувања на некои места.

Групацијата ЕГ информираше дека мерката за лимитирано купување бензин ќе обезбеди тие да „продолжат да работат без проблеми“.

Возилата за итни случаи ќе бидат ослободени од ограничувањето „поради нивната витална улога во државата“.

Поради сегашната невидена побарувачка на клиентите за гориво и поврзаните предизвици во снабдувањето, ја донесовме одлуката да воведеме ограничување од 30 фунти по клиент“, рече портпаролот на Групацијата ЕГ.

Ова е одлука на компанијата за да обезбеди сите наши клиенти да имаат фер шанса да наполнат гориво и да им овозможат на нашите станици да продолжат да работат без проблеми. Ги молиме сите што ги посетуваат нашите страници да се однесуваат со почит кон нашите колеги, партнери во синџирот на снабдување и клиентите во овие многу тешки времиња“.

Бритиш петролеум“ предупреди дека мора „привремено“ да затвори некои од своите бензински пумпи поради недостаток на возачи на камиони. Од нафтената фирма истакнуваат дека само „неколку“ локации се погодени од проблемите со снабдувањето со гориво, што доведе до недостаток на безоловно и дизел гориво.

Постојат околу 1.200 бензински пумпи со бренд БП низ Велика Британија, од кои 300 се управувани од самата БП’. Компанијата соопшти дека работи напорно за да ги реши проблемите.

Доцнењата во синџирот на снабдување се погодени од недостигот на возачи ширум индустријата низ Велика Британија. Компанијата работи напорно за да ги реши проблемите, се вели во соопштението на БП.

Продолжуваме да работиме со нашиот добавувач за да го минимизираме прекинот и да обезбедиме ефикасни и ефективни испораки“, додаваат од компанијата.

Би–Би–Си им пристапи и на други оператори на бензински пумпи за коментар.

Од „Еко велат дека „мал број“ од нивните 200 малопродажни места се погодени.

“Ние работиме тесно со сите страни во нашата дистрибутивна мрежа за да ги оптимизираме снабдувањето и да ги минимизираме непријатностите за клиентите. Се извинуваме на нашите клиенти за какви било непријатности”, истакнаа од нафтената компанија.