– „Трио Зајази“ е насловот концертот што ќе го одржи вечер во Домот на културата „Кочо Рацин” во Кичево Националниот aнсамбл на албански песни и игри од Скопје по повод 25- годишнината од смртта на Реџеп Зајази, доајенот на албанската песна која се негувала и се негува во кичевскиот крај.
-Реџеп Зајази е запамтен во неговиот роден град на 25-годишнината од неговата смрт преку тематски концерт што ќе се одржи вечерва кој ќе биде посветен на групата „Трио Зајази“ што ќе го изведат уметниците на Националниот ансамбл на албански народни песни и игри, вели Мазлам Османи, директор на Домот за културата во Кичево.
Концертот е дел од годишната програма одобрена од Министерството за култура и се одржува под покровителство на Општина Кичево. Ќе почне во 18 часот, а влезот е со резервација и со специјални покани заради ограничениот број и анти-ковид заштитните мерки.