Најголемите заводнички од поранешна Југославија

LinkSense.mk

И југоносталгичарите и оние на кои поранешната држава не им недостасува, ќе се сложат дека убавиците кои ја одбележаа тогашната јавна сцена се незаборавни, и дека со својата појава фрлаа во транс милиони жители од Вардар па до Триглав.

Заради нив се растураа бендови, мажите се тепаа по кафеани и на улица, а изданијата на магазините за кои се сликаа се продаваа во стотици илјади примероци, пишува хрватски Индекс.

Сите тие и денес се убавици, иако се кријат од сцената и од рефлекторите.

 

Оливера Катарина

Била фатална и како жена, и како актерка, и како пеачка. Жените ја мразеле, а мажите околу неа се тепале. Југославија пред неа немала ѕвезда од таков калибар.

Родена е во 1940 година во Белград во патријахално семејство.

Имала само четиринаесет години кога почнала да се забавува со тогаш дваесетгодишниот ватерполо голман Милан Гале Мушкатировиќ. И таа врска траела неколку години.

Веднаш штом наполнила осумнаесет години и добила пасош, заминува за Париз. Не успеала да остане таму и покрај убавината и атрактивниот стас, па после една година се враќа во Белград.

Со дваесет години почнала да се забавува со Ратко Дражевиќ. Седум години со него живеела на висока нога во Париз, Милано, Рим …

Дражевиќ од неа направи филмска и пеачка ѕвезда. Улогата во филмот „Собирачи на пердуви“ во 1967 година и донесе европска слава.

Со своите настапи ги „запали“ Кан, Њујорк, Берлин, Париз …

72 пати по ред ја полнела легендарната сала „Олимпија“ во главниот град на Франција, а и аплаудирале Салвадор Дали, Ани Жирардо, Ширли Mеклејн, Акира Kуросава, Ален Делон …

„Веќе 20 години немам партнер, ниту пак некој маж ми се допаѓа. Имав додворувачи, но никој не го заведе моето внимание. Да ми затрепереше срцето за некој, сега не би била сама. Лично се одлучив за самотија, не сакав со некој да бидам половично во врска“, изјави Оливера Катарина пред три години за медиумите.

Olivera Katarina

 

Марија Бакса

Легендите велат дека кога Марија Бакса минувала по улицата, мажите во кафеаните огризувале делови од масите.

Во Белград живеела отприлика во исто време кога и Беба Лончар, и весниците ги споредувале, настојувајќи да створат ривалитет меѓу нив. Но, тие две биле крајно спротивни. Лончар била нежна, речиси кршлива, а Бакса важела за она за што денес би рекле „бомба“.

Надмоќна, ладна, мистериозна ... Марија Бакса
Надмоќна, ладна, мистериозна … Марија Бакса

Со раскошната убавина, која не ја криела, туку напротив со ставот и изборот на гардеробата ја нагласувала, оваа белграѓанка практично се препорачала за улоги во таканаречените слободни жени во југословенските филмови.

Дебитирала како дваесетгодишна девојка во филмот „Боксерите одат во рајот“, симпатична улога, а во 1971 година заблеска со полн сексапил во контроверзното остварување на Јоцо Јовановиќ „Млад и здрав како роза“. Во филмот ја толкуваше главната женска улога.

Во седумдесетите заминува во Италија. Се појавува во криминалистички и научнофантастични филмови и еротски комедии и се фотографира за списанија. Нејзиниот најголем домен во светот на филмот е улогата покрај Шарлс Бронсон во „Досие Валачи“.

Нејзиниот „римски период“ одбележан е со живот во монденските кругови, кои многу брзо и лесно ги освоила со својата појава. Таблоидите ја доведувале во врска со многу италијански и светски заводници и ѕвезди.

Во почетокот на осумдесетите во Југославија глумеше во ТВ серијата „Киклоп“ и во филмот „Давотељ против давитеља“, а после тоа се повлече од сцената.

Мажена е за бизнисмен од српско потекло и со него има ќерка. Живее во Рим и се занимава со трговија со антиквитети.

 

Ана Сасо

Ана Сасо некогаш ...
Ана Сасо некогаш …

 

Ана Сасо во водена маица под која и се гледаат совршено природните гради во реклама за сокот „Пипи“, со слоганот „Тоа ви дава сила“, веројатно е сцена која остана во свеста на генерации, денешни педесетгодишници, дури и оние кои се родени десет или дваесет години подоцна.

Звучи неверојатно, но тоа е се што оваа убавица, родена во Бугојно, ја направи секс-симбол.

Родена е во 1963 година. Штотуку стана полнолетна се пријави за избор на најубава Југословенка. Ниедна немаше шанси таа 1982 година. Сасо ја понесе круната за Мис и отпатува за Лондон и таму, во светски рамки, да ја претставува тогашната заедничка држава. Беше одлична: од вкупно 68 натпреварувачки влезе во полуфиналето со уште седум убавици.

После оваа манифестација ја сними споменатата реклама и ја покори СФРЈ, а можеше да го освои светот: нејзината убавина и харизма ја препознаа и неколку светски модни агенции од кои стигнувале понуди. Од Париз добила и понуда за филмска улога, но таа сите од ред ги одби. Наводно, затоа што не сакала да се соблече во топлес. Или, тоа не сакал да и го дозволи момчето.

Кон крајот на деведесеттите долгоногата и необично убава Ана Сасо се обидела и како водителка на ХТВ, но нејзината ТВ кариера не траеше долго. Ништо повеќе не направи ниту како пеачка.

Некогашната најубава Југословенка и денес е атрактивна и плени со својата убавина
Некогашната најубава Југословенка и денес е атрактивна и плени со својата убавина

 

Бернарда Маворт

Бернарда Маровт пред околу една година
Бернарда Маровт пред околу една година

 

Во некои анкети на просторот на поранешна Југославија, Бернарда Маровт е прогласена за најубава Мис на Југославија која некогаш е избрана!

Била предодредена за успех: годишниот календар на магазинот „Старт“ кој во социјализмот беше замена за „Плејбој“, заради сликите на Баернарда продаден е во неверојатни 350.000 примероци.

Bernarda 1

Стана „Мис на Старт“ и „Мис на Пентхаус“ пред да се реши да се пријави на натпреварот за најубава Југословенка што се одржа во Загреб во 1983 година.

Бернарда Маровт елегантно прошета по пистата и – победи.

На натпреварот за Мис на светот кој таа година се одржа во Лондон влезе во полуфиналето, меѓу 15-те тогаш најубави девојки на планетата. Кладилниците и давале големи шанси и во финалето, но организаторите на овој бизнис, во кој се вртат големи пари, имале други планови: два дена пред финалето најтиражниот британски весник „Дејли мирор“ објави нејзини фотографии направени за „Старт“ на кои таа е разголена. Така Бернарда била дискредитирана.

Bernarda 11

Сатисфакција доби од специјалното жири составено од триесет мајстори на светската фотографија, кои речиси едногласно решија да и ја доделат титулата Мис на фотогеничност и титулата „Најфотогенична девојка на планетата“.

Бернарда после овој натпревар оствари долга и успешна манекенска кариера. Во 1990 е прогласена за топ-модел на Италија, во 1992-ра за топ-модел на Европа, а во 2000 година, по изборот на женскиот магазин „Јана“ прогласена е за најубава Словенка на 20 век.

Од сите Мисици од Југославија Маровт најдобро ја материјализираше оваа титула. На врвот на популарноста снимајќи реклами дневно заработувала по 3.000 долари.

Денес има 52 години и уште работи како модел и снима реклами.

Живее на релација Љубљана–Милано, каде има модна агенција „Берни модел“.

 

Дијана Бечиревиќ

Dijana 2

 

Дијана Бечиревиќ го одземала здивот на домашните мажи позирајќи на страниците до тогаш резервирани за надарените американски девојки. Родена е во 1962 година во сиромашно семејство во Лукавец, кај Тузла, каде што никој пред неа од почетокот на светот па до таа 1981 година не се сликал гол. А таа тоа го направи – позираше за „Старт“.

Беше и една од „девојките од Јадранскиот брег“ во едиторијалот на „Плејбој“ во 1981 година. Фотографиите од тогашните југословенски убавици кои како од мајка родени застанаа пред објективот излегоа во „Плејбој“ под името „Титовите девојки“.

Била во седмо одделение кога останала без татко, но поддршката од мајка и ја имала цел живот. Средно училиште посетувала во Сараево, и попатно – несекојдневно убава, снимала реклами за тогашните стопански гиганти. Од студиите по глума се откажала во последен час и се запишала на факултетот за новинарство. Подоцна ќе заврши уште два факултати. Кога се преселила во Италија, се вработила во РАИ, каде што водела една религиозна емисија. Папата Јован Павле II три пати и давал интервју, а претходниот папа Бенедикт VXI, додека уште бил кардинал Дијана ја возел низ Рим на „веспа“.

Го направила последното интервју на ѕвездата на Формула 1, Аиритон Сена, само 24 часа пред да загине, ги запознала Хилари Клинтон и Беназир Буто.

Од Рим во САД заминала со Ахмет Етергун, продуцент кој бил задолжен за кариерите на најголемите музички ѕвезди како што се Рилингстонси, Лед цепелин, Реј Чарлс и Арета Френклин. Петнаесет години работела како негова секретарка и на тоа место ги запознала и завела најголемите светски ѕвезди.

Врската со Ал Пачино траела кратко затоа што, велат, тој бил искомплексиран и секогаш во параноја од папараците. Арнолд Шварценегер отворено и се нафрлувал, но Дијана на време ја предупредиле да не се втурнува во авантура со него затоа што имал љубоморна и опасна жена.

За Бреговиќ велела: „Ме обвинуваа дека за малку ќе го растурев „Бело дугме“. Живеев во Милано и се дружев со Владо Правдиќ, клавијатуристот во бендот. Беше заљубен во мене, но оддеднаш се појави Горан Бреговиќ. А, кога Горан нешто сака, тогаш тоа и го добива. И тука тргна судирот на двајцата членови на групата. А, дали Горан ме украде од Владо? Па, да…го стори тоа!“

Поради една вечера со Силвио Берлускони на Бечиревиќ некои медиуми и припишале пад на италијанската влада, заради што ги тужела авторите на текстот, а Ники Лауда кој бил многу љубоморен се тепал во бар за неа.

Денес Дијана Бечиревиќ живее под името Диана Нивен во западен Холивуд, каде што е седиштето на нејзината фирма „ДН њуз“.

 

Dijana 111

 

Беба Лончар

Беба Лончар со Бата Живојиновиќ во филмот „Земјаци“ (1963)
Беба Лончар со Бата Живојиновиќ во филмот „Земјаци“ (1963)

 

Филмот „Љубов и мода“, снимен во Белград во 1960 година, претставува пресвртница во југословенскиот социјализам. Прв пат во еден домашен филм претставени се убави и млади луѓе кои безгрижно се сакаат и се забавуваат на игранки. А ѕвезда на тој филм е Беба Лончар.

Родена во 1943 година како Десанка, оваа белградска убавица, студентка по романистика, веќе имаше зад себе една партизанска филмска улога кога и пришле продуцентите. Кога се било готово, раскажувала: „Дојдоа кај мене и ми рекоа – ќе снимиш еден филм, ќе возиш „веспа“, ќе носиш прекрасни фустани, ќе се возиш со авион … Тоа беше како сон!“

После премиерата Југословените добија сопствена ѕвезда. Се роди белградската Брижит Бардо.

Сите беа вљубени во слатката тинејџерка со руса коса Беба, а таа го сакаше Дејан Божовиќ, во тоа време белградски плејбој со прекрасна кадрава коса и продорни сини очи, заради кои бараше да го викаат „српскиот Пол Љумен“. Прегрнати претставуваа атракција на белградското корзо во „Кнез Михајлова“.

Женската убавина во социјализмот била нешто што или го имаш или го немаш. Тогашните убавици едвај имале пари за маскара, а за пластични операции не се ни сонувало. Нивниот стил бил стилот „вода и сапун“ – природни девојки без тешка шминка.

После „Љубов и мода“ следеле главните и споредни улоги во филмовите „Двајца“, „Др“ и „Лито виловито“, а улогата на викингшка принцеза во првата американско-британска-југословенска копродукција „Долги бродови“ во 1965 година Беба Лончар ја носи за стално во Рим.

Во почетокот на осумдесетите Беба Лончар се вратила во Југославија.

Долго била во брак со хрватскиот бизнисмен Јосип Радељак, со кој има син Лео. Од Радељак се разведе во 1994 година.

Беба Лончар денес живее во Белград и не учествува во јавниот живот.

 

Една од најубавите актерки во поранешна Југославија, Беба Лончар денес изгледа вака
Една од најубавите актерки во поранешна Југославија, Беба Лончар денес изгледа вака

 

Савина Гершак 

Прелета по екраните како сјајна комета и исчезна, а милиони припадници на послиниот пол остана заљубени во нејзината убавина, Савина Гершак
Прелета по екраните како сјајна комета и исчезна, а милиони припадници на послиниот пол остана заљубени во нејзината убавина, Савина Гершак

Савина Гершак, родена е во Словенија, во Љубљана, во 1963 година.

Нејзиниот прв избор бил спортот – со 16 години беше официјално трета тенисерка во СФРЈ, па се пресели во Германија, од каде што патуваше на професионални турнири по Европа.

Со убаво лице и прекрасна заводлива фигура, повремено настапувала и како фото–модел, па една нејзина фотографија стасала до режисерот Живко николиќ, кој го почнувал снимањето на филмот „Смртта на господинот Голужа“. Со месеци барал соодветна актерка за улогата на Анка, која во сценариото е опишана како млада вдовица со прекрасен изглед. Кога ги видл фотографиите на Савина, режисерот побарал од продуцентот да ја пронајде и без пробно снимање и ја дал главната улога. Имала само 19 години.

„Не успеав ниту да се снајдам, едноставно, влегов во сето тоа …“, го објаснувала во едно интервју својот „упад“ во светот на познатите оваа заносна русокоса.

Се покажало, меѓутоа, дека само Николиќ верувал во неа. Иако нејзината улога во филмот доби огромен публицитет, понудите за нови ангажмани изостанаа. Две години Гершак ја немаше ниту на големите, ниту на малите екрани. Веројатно затоа што нејзините актерски квалитети не беа особено изразени, немала ниту основно актерско образование.

Во средиштето на јавноста ја врати повторно Живко Николиќ. Го подготвуваше во 1984 година „Чудо невидено“, а главната женска улога пишувана е токму за Савина Гершак.

Овој филм кој одлично го примија и публиката и критиката ја лансираше главната актерка во Италија, каде што извонредната убавица се појавува во десетина филмови.

Вреден за споменување е само „Полноќна бркотница“ со Роберт Мичам и Мајкл Дудикоф.

Свесна на своите актерски ограничувања, во 28 година ја напушта глумата и им се посветува на студиите по психологија.

Денес работи во Рим како професионален психотерапевт. Родила близнаци во 44 година.

„Без оглед на тоа што работам денес, сигурна сум дека еден ден пак ќе заиграм во филм“, изјавила Савина Гершак во 2013 година во едно интервју.

... некогаш и денес, Савина Гершак
… некогаш и денес, Савина Гершак