Најмалку 10 луѓе загинаа при напад на исламистите во Нигерија

Повеќе од 10 луѓе, од кои седум војници вчера се убиени во Аџури, во нигериската држава Борно.

Напаѓачите на мопеди упаднале во Аџури отвориле оган, а запалиле и ограбиле повеќе домови.

Изминатите месеци интензивирани се исламистичките напади во североисточниот дел на Нигерија, при што се убиени десетици војници, а илјадници граѓани ги напуштија домовите.