Најмалку 21 жртва, 112 ранети во гранатирање на Харков

LinkSense.mk

Најмалку 21 лице загина, а 112 се ранети во гранатирања на источниот украински град Харков во последните 24 часа, соопшти регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Локалните власти соопштија дека руските ракетни напади го погодиле центарот на вториот по големина град во Украина, вклучувајќи и станбени области и зградата на регионалната администрација.

„Одбранбените позиции на градот Харков на 1 март беа постојано под влијание на непријателски оган, авијација, артилерија и огнено оружје. Во втората половина на денот североисточниот и северниот дел на градот беа нападнати од механизирани непријателски единици. Сите напади се одбиени, рускиот непријател претрпе значителни загуби, позициите се задржани, напиша Синегубов на Фејсбук.

 

МИА