Најмалку 32 загинати во судар на возови во Египет

Два патнички воза се судрија денеска во јужен Египет. Министерството за здравје соопшти дека најмалку 32 лица загинале, а дека 66 се потешко повредени во несреќата.

Според прелиминарните извештаи, инцидентот се случил северно од градот Сохаг, којшто се наоѓа на 460 километри јужно од главниот град Каиро, на западниот брег на реката Нил.