Најпрецизен годишен хороскоп за 2017, за ОВЕН

Јануари

Во текот на јануари акцентот ќе биде ставен на финансиите кои би можеле да се поправат. Советот е овој месец да не се држите пасивно, затоа што така многу повеќе ќе постигнете. Очекувајте позитивни решавања врзани за недвижнини. Втората половина од месецот ќе ви донесе стабилизација на односите на работното место и можно е вработување ако сте без работа. Вчегувате во период кога себе си ќе можете да си дозволите разни задоволства во смисла на купување.

Вашата емотивна ситуација ќе биде многу променлива. Ќе покажете во првата половина на месецот нагласена наклонетост да ризикувате и да се впуштите во авантури, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Ако сте во врска, мора да бидете исклучително внимателни, затоа што љубомората ќе биде нагласена. Врските кои ќе бидат настанати овој месец ќе бидат тесно поврзани со кариерата и многу деловни пријателства ќе прераснат во нешто повеќе.

Здравствено, јануари би можел да биде проблематичен за нервниот систем.

Февруари

Вашата креативност овој месец ќе дојде до потполн израз и очекувајте се да ви поаѓа од рака. Периодот на престој на вашиот владетел, Марс, во вашиот знак, како и венера, искористете го максимално. До крајот на месецот евидентна е и значителна финансиска добивка, како и деловен успех. Ако планирате нешто ново да внесете во работењето, или да менувате нешто во досегашниот статус, а да не ризикувате дека ќе изгубите, сега е вистинскиот момент.

Исто како и на полето на работата, така ќе биде и на полето на љубовта. На почетокот на овој месец, ако сте слободен, би можело да ви се случи интересно патување или контакт врзан со некакви заминувања и патувања. Многу
ќе се испробаат во паралелни врски, а посебно во текот на неговата прва половина.

Здравствено, ова е месец без проблеми. Ќе бидете во топ форма.

Март

Истерувањето на правдата и вистината овој месец ќе биде тема број еден и причина за конфликтни ситуации на работа, како и можни откази. Ќе бидете исклучително нестрпливи и претерано пребирливи, заради што е потребно малку повеќе разум, за последиците да не бидат лоши по вас.
Недостатокот од пари ќе ве приморува да работите „на црно“, или да се занимавате со матни работи, или да се задолжувате, на што посебно внимавајте и максимално избегнувајте. Состојбата значително ќе се поправи од 14-ти кога можете да очекувате добивка од судки пресуди, или од странство. Многумина ќе се одлучат за преселување. Цел месец чувајте се од кражби и измами.
Март и на полето на љубовта е тежок период. Ќе донесе многу расправии и раскинувања, а причина за тајна врска е и недовербата кон партнерот. Родените во знакот овен кои се сами, од 16-ти ќе запознаат млада личност, која нема да има долгорочни намери и нема да е искрена кон вас, затоа бидете внимателни.
Проблемите со грбот и ’рбетот би можеле да бидат дополнително оптеретување.

Април

Ви недостасува истрајност и нешто потежок месец е пред вас кога работата е во прашање. Многу трчање и труд, а без добивка. Можни се и законски и административни проблеми од 11-ти до 17-ти, затоа потрудете се до детали се да проверувате и нема потреба да покажувате нервоза која може да ве одведе во расправии. Што повеќе работите во самотија и во тишина, многу повеќе ќе постигнете. Многу важен период очекувајте од 17-ти.

Емоциите, исто така, ќе бидат „под опсада“ и очекувајте многу страсти. Ви претстојат многу можности за остварување на нови контакти, но и за двојни врски, затоа бидете внимателни. Стара љубов, или стар проблем почнува полека да ве мачи, и вие се прашувате – што сега? Определете се. Може да остане само едно решение. Ако планирате брак, не е вистински месец за тоа. Одложете. Не губете глава.

Здравјето овој месец е стабилно, но останува можноста за настинка и вирус. Грло.

Мај

Без оглед на тоа што Јупитер се наоѓа во вашиот опозициски знак Вага и што Плутон не е на ваша страна, сепак мај е позитивен месец за вас, кога би можеле да ги остварите своите идеи, а посебно ако треба на нешто да ставите крај. Во текот на овој месец многу успешно ќе ги решавате судско-административните проблеми. Невработените можат реално да очекуваат почеток на работи врзани за поголеми државни претпријатија или организации, до кои ќе дојдат со помош на роднини. Финансиската ситуација ќе биде стабилна, со добивки од 17-ти.

Полето на љубов би можело да биде проблематично. Постојат околу шест периоди на нестабилност во врските, кога партнерските односи влегуваат во период на кризи и одеднаш се случуваат прекини. Втората половина од месецот нуди можност за стабилизирање на врските и многу страстни односи, како и можност за воспоставување на многу силни врски.

Здравствено, ова е месец без поголеми проблеми, единствено преголемото трошење на енергија може да предизвика пад на виталноста.

Јуни

Ретроградниот Сатурн во знакот на Стрелец, како и ретроградниот Јупитер во знакот на Вага и неповолниот Марс од знакот на Рак, иницираат застој во работите, повторување на грешки и административни проблеми, што со помош на Плутон може да предизвикаат евентуален прекин на работата или промена на фирмата. Сепак, периодот на владеење на знакот Близнаци ќе ви обезбеди солидна заработка и ќе влијае да останете таму каде што сте.
Венера во знакот на Бик ќе ви одговара од 6-ти, и тогаш ќе додадете гас и ќе работите со полн капацитет, што укажува на совршено добра половина на месецот, како период на силни добивки и решени имотни прашања. Внимателност е потребна единствено при потпишување на договор. Чувајте ги документите.

На планот на љубовта можете да се најдете и во паралелни, дури и во повекратни врски и триаголници. Внимавајте да не бидете откриени.

Здравствено се можни главоболки како резултат на нервози и покачен притисок.

Јули

Месецот не е многу поволен и посебно водете сметка кога потпишувате какви било документи или склучувате договори, затоа што постои нагласена можност една грешка да ве забави за неколку месеци. Вработените мораат да бидат многу смирени овој месец, затоа што лесно може да се загуби работата само поради лоша проценка или расправија. Бидете со „ладна глава“ и подготвени во секоја ситуација да владеете со себе и ништо да не му препуштате на случајот. Припадниците на овој хороскопски знак кои се без работа, ако се потрудат и тргнат во акција, можат да очекуваат позитивен резултат. Финансиската ситуација ќе осцилира цел месец, а ќе има и неочекувани трошоци. Пари не давајте никому на заем, затоа што нема да ви ги врати.

На полето на љубовта ќе следат семејни и брачни расправии предизвикани од неверство, како ваша, така и на вашиот партнер, како и со проблемите кои ги создава љубомората.

Здравствено повеќе се на удар припадничките на знакот и потребно е да ги исконтролирате матката и јајниците, додека машките припадници на знакот Овен ќе бидат подложни на физички повреди. Максимална внимателност при патувањата. Одбегнувајте да патувате ноќе.

Август

Во однос на минатиот, еден подобар месец. Среќата не ве има напуштено и може да ви биде подобро отколку што изгледа. Во текот на август ќе имате вишок на енергија и никако не смеете да ја трошите попусто. Единствена кочница ќе бидат семејните проблеми и расправии, а главниот избор на проблеми ќе бидат млади членови на домаќинствата, или вашата невнимателност. Сепак, очекувајте успех на деловен план околу 15-ти и 16-ти. Финансиската ситуација ќе биде добра и ќе вложувате во недвижности или средување на куќното опкружување, но бидете внимателни во законска и административна смисла. Кон крајот на месецот можни се контакти со странци и патување.

Полето на љубов ќе биде нестабилно, но месецот ќе го одбележи лице од знакот Рак кое ќе внесе топлина и свежина во вашиот љубовен живот. Се работи за постаро лице во споредба со вас, но не си го скратувајте задоволството и уживањето.

Здравствено, стомачните проблеми ќе бидат најнагласени. Строго водете сметка што конзумирате.

Септември

Идеален месец за постигнување на високи резултати. Вашата одговорност ќе биде на цена и наградена. Парите ќе ви стигнат околу 10-ти и очекувајте силна поддршка, како од лица со кои соработувате, така и од партнерот и од семејството. Позитивното решавање на административните работи е нагласено и месецот е идеален за приватно управување. Патување во странство е повеќе од сигурно во втората половина на месецот и сите работи поврзани со странски претставништва или фирми ќе ви донесат профит.

Со оглед дека бизнис сферата ветува формализирана процедура, и полето на љубовта може да го зафати ваков тренд и да се најдете пред матичар. Не двоумете се, тоа е совет. Нема да се покаете. Особено ако се работи за Стрелец.

Здавствено би можеле да бидат нагласени стомачни проблеми, како и зголемен крвен притисок.

Октомври

Овој месец очекувајте доста неискрености од страна на деловните колеги, но вашата борбеност и натпреварувачки дух можат да ве доведат до успех. Паричните добивки се нагласени во периодот до 5-ти, како и поволни вести кои ќе ве израдуваат. Тогаш припадниците на Овен кои се невработени можат да добијат работа, а вработените унапредување, или да кажеме некакво решавање на имотни прашања, или барем почеток на решавање на прашања на наследство. Периодот од тој датум е поволен за подигнување кредит.

На полето на љубов акцент се става на можна врска на работа или преку работа. Очекувајте полно страстни настани, било да сте во врска или не. Ќе ве опседнуваат Ваги и Бикови, а на есен би можеле да се определите за брак.

Здравствено е проблематичен единствено засилениот внос на храна и пијалоци. И понатаму стомак.

Ноември

Јупитер во знакот на Шкорпија за вас значи дека овој месец и до крајот на годината ве чекаат многу погодности во финансиска смисла. Ноември би можел да донесе многу опуштеност, но и агресивност во акција, која кон крајот на месецот ќе биде крунисана со успех и финансиска сатисфакција. Многумина припадници на Овен ќе направат исклучителни контакти и аранжмани со странство и со институции од висок ранг, а сите кои работат во институции кои се занимаваат со производство и трговија на автомобили, автобуси и слично, како и во авио-индустријата, ќе имаат вонсериски успех. Наследствата и кредитите од овој месец стануваат тема број еден. Вашата финансиска ситуација видно ќе се подобри, но очекувајте и дека доста ќе потрошите вложувајќи во работи, но и во можни патувања.

Полето на љубовта во текот на ноември ќе ви биде обележано со тајна врска и возбудлива авантура.

Здравствено ќе бидат најосетливи репродуктивните органи и бешиката.

Декември

Сите ваши планови и сета ваша активност во текот на декември ќе бидат насочена на работа и пари, што ќе ви обезбеди добри бизнис зделки и повеќе од добра заработка. Многу малку време ќе ви остане за приватен живот, што во овој момент и не е така лошо. Ќе има некои замрсени ситуации во текот на месецот, трајни договори и немојте да дозволите некој друг да донесува одлуки место вас. Се ќе решите сам и тоа на големо задоволство. Вратите кон странство многу јасно се отвараат и многу припадници на знакот мошне сериозно ќе размислуваат за заминување. Искористете го овој месец ако е можно.

Венера во знакот на Стрелец значи многу романтика, љубов и љубовни случувања, особено на почетокот и на крајот од месецот.

Здравствено, засиленото нервирање би можело да влијае на падот на имунитетот, затоа правилно хранете се и користете го секој слободен момент да спиете или да се одморите.

Утре: БИК