На плоштадот во Хелсинки, детски чевли за убиените деца во Мариупол

LinkSense.mk

Стотици мали чевли беа поставени вчера во главниот град на Финска, Хелсинки. Имаше светкави црни чизми, и мали, пријатни влечки, а и розеви и виолетови патики. Вкупно имаше 210 пара.

Тие го симболизираа вкупниот број млади животи, за кои украинските официјални лица рекоа дека се изгубени во југоисточниот град Мариупол, вклучително и кога Драмскиот театар – каде што стотина цивили се засолниле – беше погоден на 16 март.

Иако на врвот на драмскиот театар било закачено бело знаме за да им се даде на знаење на руските војници дека има деца внатре, а и зборот „деца“ со големи бели букви на руски јазик беше напишан пред и зад театарот, зградата беше претворена во урнатини.

На протестот вчера, организиран од Украинската заедница во Финска, која беше основана во 1997 година за да ги претставува Украинците кои живеат во земјата, чевлите беа поставени пред Финскиот народен театар.

Од двете страни на националниот театар организаторите напишаа „деца“ – како што било напишано пред и зад театарот во Мариупол.

Имаше поставено и комплет жолт комбинезон со големина на дете, распослан со лицето надолу на земја, а до него мека играчка.

Целта на настанот е да се привлече вниманието на јавноста за нехуманите злосторства извршени од руската армија врз украинскиот народ“, напиша организацијата на Фејсбук, кога ги повика луѓето да се приклучат на настанот.

Во Мариупол досега загинаа најмалку 5.000 жители, напиша минатата недела на Телеграм, градоначалникот Вадим Бојченко, цитирајќи прелиминарни проценки.

Тој го осуди „намерното уништување на цивилното население на Мариупол“ и процени дека 90 отсто од градската инфраструктура е збришана.

Неговата стратешка позиција на Азовското Море, помеѓу проруските области на Донбас и полуостровот Крим, анектиран од Русија, го направи клучна цел за воената офанзива на Москва.

Од околу 100.000 цивили кои останаа во градот, повеќето се без храна, вода или соодветно греење. Пристапот до Интернет е исто така редок.

Црвениот крст неодамна предупреди дека на улиците од опколениот град се чини дека има нагазни мини и дека оние што се обидуваат да побегнат се соочуваат со „долго, тешко патување“.

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс)