На Попова Шапка сместени нови 105 лица во државен карантин

Од ноќеска во хотелите на Попова Шапка по трет пат се донесени луѓе кои пристигнале во Македонија од повеќе земји за да поминат задолжителтен 14 дневен државен карантин во насока на спречување на ширење на коронавирусот. Во хотелот Славија има 68 лица, додека во хотелот Арена 37.

-Ова е трета група на луѓе кои влегле во државата и тука ќе поминат 14 дена во задолжителна изолација. Им беше извршен медицински преглед од Клинички центар Тетово. Сите имаат добиено храна, вода и хигиенски продукти според пропишаните процедури и протоколи. Станува збор за луѓе дојдени од повеќе земји, најмногу од Швајцарија, ама има и од Австралија, Израел, Бразил, изјави Жарко Неделковски од хотелот Арена Тетовската полиција соопшти дека едно лице ноќеска не ја почитувало забраната за движење, по што му се земени податоци. Ќе следува соодветен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик. СВР Тетово, во изминатото деноноќие бележи дека на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 4 луѓе потпишале изјави за самоизолација.