На Табановце за влез во државата се чека половина час

Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.