Невакцинирани странски туристи нема да може да влезат во Канада

„Странските туристи кои не се вакцинирани против Ковид-19 нема да смеат да влезат во Канада уште некое време, бидејќи владата не сака да го загрози напредокот постигнат во борбата против коронавирусот. Тоа го изјави синоќа канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Веднаш можам да ви кажам дека тоа нема да се случи уште некое време, изјави Трудо за медиумите во Канада.

Трудо додаде дека ќе има што повеќе да каже во наредните недели за тоа кога границите на Канада ќе можат повторно да се отворат за целосно вакцинирани туристи.