Ги извадивте саканите сандали од ормарот и едвај чекате да ги откриете вашите лакирани нокти и негуваните стапала? Ако изминатиот месец не им поклонивте доволно внимание, сега е крајно време да ги доведете во ред со помош на природни состојки.
Купка можете да направите така што ќе помешате:
*сок од лимон (2 дл.)
*1/4 лажичка цимет во прав
*две лажички маслиново масло
*1/4 чаша млеко
Добиената мешавина ставетеја во поголем сад наполнет со топла вода, добро измешајте, па ставете ги нозете во неа 15 минути.
Потоа направете пилинг со природен камен, измијте ги нозете со сапун и премачкајте ги со хидратантна маст.
Исто така, можете да направите лосион од следните состојки:
*лажичка бадемово масло
*лажичка масло од пречични клици
*12 капки од есинцијално масло од еукалиптус
Сите состојки ставете ги во темно шишенце, добро протресете го и намачкајте ги стапалата кои претходно ги измивте и исушивте. Овој лосион можете да го користите четири пати.