„Независните“ од ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија одлуката на американскиот Сенат

LinkSense.mk

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ упати писмо до американската амбасадорка во нашата држава, Кејт Мари Брнз, во кое изразува благодарност за ратификацијата на Пристапниот протокол на НАТО од страна на Сенатот.

„Во овие сензитивни моменти, моменти на едно разочарување од одлуката на Советот на ЕУ да не почнеме пристапни преговори, една ваква вест дека САД, наш силен стратешки партнер ни оддава признание и брза шанса за влаз во Алијансата го враќа оптимизмот, но и дава сигурност дека нашата приказна ќе биде успешна, се вели во писмото.

Од пратеничката група упатуваат благодарност и до поранешниот американски амбасадор Џес Бејли и неговата заменичка Микаела Швајцер Блум, кои, како што се вели „несебично и гласно допринеле за унапредување на македонско-американско пријателство со поддршка на реформите во правосудството, заштита на животната средина, можностите за младите, поддршка во образованието и на развивањето на демократските принципи“.