Некој од надвор „командува“ со скопскиот суд

Годишниот распоред за работа на судиите од скопскиот Кривичен суд, според извесни сознанија до кои дојдовме, не е дело на сегашниот вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1, судијата Стојанче Рибарев.

Информациите се дека тој, наводно, бил изработен надвор од судот, а потоа на УСБ стик бил донесен во судот!?

Судијата Рибарев денес не беше достапен за каков било коментар, да ги потврди или, пак, да ги демантира нашите информации.

Ниту еден вработен официјално не сака да проговори на оваа тема.

stranica-br.1

Соговорниците, кои заради тежината на случајот сакаа да останат анонимни, велат дека распоредот на судиите бил направен во кабинет на висок политички функционер, од Министерството за правда, а во соработка со уште едно друго лице функционер од судскиот систем.

„Транспортот“ на доверливите информации му бил доверен на човек од Судот, кој неодамна беше прераспореден на повисоко работно место, а по реакцијата на неговите колеги заради нелегитимната постапка, вратен назад, во истиот Оддел.

Доколку овие информации се покажат како точни тогаш на повидок е уште еден скандал од немерливи размери во судството кој повторно се поврзува со најголемиот суд во држава.

stranica-br.2

Годишниот распоред зад кој стои потписот на сегашниот в.д. претседател Рибарев, да потсетиме, предизвика бурни реакции кај судиите, бидејќи во него има многу нелогичности и нејаснотии.

Незадоволство од најновиот распоред и реакција до Врховен суд најавија 17 судии.

Тие, според нашите сознанија, веќе поднеле жалби.

Во контекст на случувањата во скопска единица се и шпекулациите дека се подготвува петиција, како онаа со која вработените во Судот реагираа против поранешниот претседател Владимир Панчевски и неговиот начин на спроведување на работите.