Нема прегласување за одземениот глас на Фатиме

Управниот суд ја прифати тужбата на ВМРО-ДПМНЕ, за приговорот што го поднесе Беса за нерегуларности при гласањето во избирачкото место број 0396/1, во општина Гостивар, во шестата изборна единица.

Судиите одлучија дека приговорот бил неуреден.

Согласно тоа тие ја поништија одлуката на Државната изборна комисија.

Претходно ДИК го прифати приговорот на Беса, дека на Фатиме Сулејмани не и било дозволено да гласа на 11 декември, затоа што некој друг гласал место неа.