Нема промена на цената на бензините

Малопродажната цена на бензините и дизелот не се менуваат оваа недела. Намалување, за половина денар, ќе има само кај екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергитика.

Согласно одлуката цените остануваат на ниво утврдено со одлуката од 17 август и ќе се продаваат Еуросупер БС-95 по 59,50, Еуросупер БС-98 по 61,50, а Еуродизелот по 52 денари за литар.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51,50 денари.

РКЕ ја намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,085 денари за килограм и сега тој ќе се продава по 26,28 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот и мазутот во просек за околу 1,352 отсто или за 5,450 долари односо за 0,361% или за околу 1,000 долари за еден тон.

Кај дизелот и екстра лесното масло има намалување во просек за околу 0,365% или за 1,350 односно 0,708% или за 2,550 долари од тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 51,97 денари.