Немири во Франција: Запалени возила и напади на полицијата

Бран на насилство избри во Франција, во градот Аржанте, во департманот Долина на оазите.

Во сцените кои потсетуваат на граѓанска војна, улиците на овој град беа место за мегдан со полицијата.

На социјалните мрежи се појавија снимки на насилства во францускиот град кој се наоѓа недалеку од Париз. На нив се гледаат запалени автомобили, некои од нив превртени, и групи кои стрелаат со огномет на полицијата која се обидува да интервенира, пренесуваат француските медиуми.

Овој град често стана место на зачестени насилства и пресметки со полицијата, откако во мај минатата година таму загина осумнаесетгодишно момче по името Сабри. Тој го загуби животот по пад од мотоцикл, а во близина на несреќата се наоѓал полициски автомобил.

И додека со официјална истрага е утврдено дека се работи за несреќа „во која не учествувала трета страна“, семејството на настраданото момче ја обвинува полицијата дека е одговорна за неговата смрт и бара понатамошна истрага.