Според пишувањата на влијателниот француски весник Л’Екип, деновите на Нејмар во ПСЖ се избројани.
Бразилецот кој беше доведен од Барселона во тогаш најскапиот трансфер на сите времиња (220 милиони евра), во клубот дојде за конечно да ја освои Лигата на шампионите, но наместо фудбалски доблести, тој се повеќе покажува карактерни маани.
На катарските сопственици веќе им дојде се преку глава. Доста им е од неговиот гламурозен начин на живот, покрај не толку гламурозните партии на теренот. Раководството на клубот смета дека Нејмар повеќе го сака Париз и шармот на животот во него, отколку ПСЖ. Сите акционери се, со еден збор, лути.
Се смета дека бразилскиот волшебник многу малку придонел (иако не е занемарлив учинокот од 94 гола на 128 натпревари за „светците“, како и десет освоени трофеи, но ниту еден надвор од Франција), а притоа во овие пет сезони парижаните ги чинел дури половина милијарда евра. Згора на се, често беше повреден и суспендиран.
Особено симптоматично е што често повредите му се случувале во периодот кога неговата сестра Рафаела слави роденден!
Имено, во четири од последните пет сезони, околу 11 март, бразилскиот интернационалец отсуствуваше поради разни „истегнувања“ и црвени картони, па патувал во Рио де Жанеиро на забава.
Во ПСЖ се свесни дека ова лето само еден клуб има финансиски средства да си дозволи да го доведе Нејмар, а тоа е Њукасл. Тешко е да се поверува дека после се, „градот на светлината“ ќе го замени со „работнички дел“ на северот на Англија, но… којзнае. Со Нејмар, се чини, се е возможно.