Николовски: Зејтин има, испорачани првите количини од Србија

LinkSense.mk

Денеска се испорачани првите количини масло за јадење од Србија, а веќе утре треба да се најдат во маркетите, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Доколку има потреба, додаде Николовски, покрај предвидените два милиони литри масло за јадење кои Србија ги одобри за извоз во Северна Македонија, ќе се бара увоз на дополнителни количини масло оттаму, и како што рече, очекува српските власти да го одобрат тоа.

„Постојано сме во контакт со српските власти. Ако бидат потребни дополнителни количини, очекуваме српската Влада тоа да го одобри. Очекуваме и тргање на забраната за нерафинирано масло, изјави Николовски.