Нимиц: Ако не помине договорот, не гледам решение во скоро време

LinkSense.mk

Поминаа 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор доколку овој не помине, вели посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во интервју за БИРН во однос на оспорувањето на постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција.

„На оние во вашата држава што велат „ајде да почекаме, да оставиме уште неколку години, ќе имаме подобар договор во иднина“, jас им велам не знаете тогаш каде ќе биде ЕУ, дали ќе сакаат уште една членка, дали ќе сакаат тоа да биде вашата држава, не знаете каде ќе биде НАТО, нагласува Нимиц.

Тој вели дека е воздржан оптимист, но сепак, не е сѐ готово. За договорот да биде спроведен, треба да помине референдумот, да се усвојат уставните измени и потоа грчкиот парламент да го ратификува.