Ниската цена на рудата го „руши“ австралискиот долар

Австралискиот долар падна на најниско ниво во однос на американскиот долар во последните 3 месеци.

Оваа валута е притисната од силниот американски долар и цената на рудата.

Австралискиот долар се тргува за 74,92 центи, што е најниско од јануари оваа година.

Највисока цена австралискиот долар имаше на 21 март и тогаш се тргуваше за 77,31 центи.

Цената на рудата во петокот падна за 6.8%.

Од 2014 година кога таа достигна досега највисоко ниво, нејзината цената постојано паѓа.