„Нобел“ за литература за Хандке и Токачик

Добитници на Нобеловата награда за литература се австрискиот писател Петер Хандке, за 2019 година, и полската писателка Олга Токачук, за 2018-та, објави Шведската академија.

Победниците добија по девет милиони шведски круни, медалја и диплома. Оваа награда почна да се доделува од 1901 година.

Меѓу претходните добитници се Боб Дилан (2016), Алис Манро (2013), Орхан Памук (2006), Тони Морисон (2003) и Габриел Гарсија Маркес (1982).

Откако минатогодишното прогласување беше одложено поради скандалот со сексуално злоставување, оваа година се објавени имињата на двајца добитници.

Скандалот изби кога 18 жени јавно го обвинија познатиот фотограф Жан-Клод Арно за сексуално непримерно однесување во ноември, лани.

Арно, роден во Франција, оженет е со поетесата Катарина Фростен, член на Шведската академија, која потоа поднесе оставка заедно со уште пет други членови.

Во текот на истрагата за Арно се појавија и тврдења дека идентитетите на добитниците на наградата однапред се откриени.

Овој настан предизвика криза во организацијата, односно за судир на интереси и „протекување“ на информации.

Тоа беше прв пат доделувањето на Нобеловата награда за литература да биде прескокнато уште од 1943 година.