Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Монтреал

LinkSense.mk

Нема повеќе дилеми. Шампионот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, чие одлучно одбивање да се вакцинира против Ковид не му дозволува влез во Канада, официјално се повлече од АТП турнирот на тврда подлога во Монтреал, соопштија организаторите.

Вакциналниот статус на српската ѕвезда ја направи мала веројатноста дека тој ќе игра на престижниот АТП Мастерс турнир, исто како што дополнително имплицира дека тој најверојатно ќе го пропушти и УС Опен, кој започнува подоцна во август.

Причина за тоа е што Соединетите Американски Држави, исто така, бараат од посетителите во земјата да обезбедат доказ за вакцинација.

Српскиот ас реши да се повлече од главната ждрепка, па светот ќе остане лишен од потезите на најдобриот тенисер на денешницата, додека љубителите на „белиот спорт“ ќе можат да уживаат во играта на Медведев, Надал, Енди Мареј...

Српскиот тенисер славеше во Канада во 2007, 2011, 2012 и 2016 година, а на турнирот нема настап од 2018 година, кога во третото коло беше поразен од Стефанос Циципас.

Турнирот во Монтреал ќе се одржи од 8 до 14 август, а вкупниот награден фонд е 6.573.785 долари.