Нова платформа bezkorupcija.mk за обука на бизнисот–како да препознае корупција

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, сите бизниси денеска може да се вклучат на новоформираната онјалн платформа bezkorupcija.mk, да ги споделат
искуствата и да добијат експертска поддршка.

Како што информираат од организацијата „Конект“, бизнисите во земјава прв пат имаат можност да посетуваат специјализрани обуки за препознавање и справување со корупцијата, воспоставување програми и практики за нејзино спречување, усогласеност со регулативите и етичко управување.

„Kреираме заедница на компании кои што сакаат да водат бизнис без корупција, за коишто поткупот и другите нејзини форми, не се прифатлив трошок и сметаат дека тоа може да се постигне во нашата земја. По примерот на добрата европска и светска пракса развивме платформа за бизнис интегритет, која што се состои од обуки, алатки за самопроценка, советување и консултации за компаниите. Така тие, може да ги унапредат своите практики и процедури, да споделуваат искуства, а отворени се и
можности за сертификација на програмите на компаниите за спречување на корупцијата, вели Никица Кусиникова“, извршна директорка на „Конект“, организација која е партнер на Центарот за граѓански комуникации во рамките на проектот, финасиран од ЕУ, „Интегритет и антикорупција во бизнис секторот “

Според Виктор Мирчевски, програмски раководител во „Конект“, осознавањето дека и други компании во нашата земја се соочиле со слични предизвици и спровеле мерки кои што функционираат во пракса ги мотивира компаниите да ги подобрат своите политики и процедури, и можеби што е уште поважно им дава надеж дека тоа е можно и во нашето опкружување.

„Затоа, покрај најдобра светска пракса што им е достапна на компаниите на платформата, развиваме и локални ресурси. Досега повеќе од 180 претставници од македонските бизниси ги завршија обуките и се стекнааа со можноста да користат дополнителна поддршка преку www.bezkorupcija.mk“, нагласува Мирчевски.

Следната обука е закажана за 17-ти и 18 декември. „Конект“ ги повикува компаниите да се приклучат на иницијативата и да го пријават својот интерес на konekt@konekt.org.mk.