Новите виши јавни обвинители дадоа заклетва

Новоизбраните јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева денеска дадоа заклетва пред членовите на Советот на јавните обвинители на Македонија.

Петте обвинители беа избрани на седницата на Советот на јавни обвинители што се одржа на 22 април.

Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје.