Нови закачки на релација Москва – Токио

Јапонската влада и упати на Русија протест заради планираните воени маневри во регионот на курилскиот остров Итуруп.

Руската страна на 21 август не информираше дека во областа кај брегот на Итуруп, во територијалните води на нашата земја, од 26 до 29 август и од 13 до 17 септември ќе биде одржано маневарско стрелање. Преку дипломатски канали изразивме протест затоа што одржувањето на такви вежби е неприфатливо и не е во склад со ставот на Јапонија (по прашањето за Курилските острови)“, рече генералниот секретар на јапонската влада, Кацунобу Като.

Като повтори дека Токио ќе продолжи да води преговори со Русија во намерата за разрешување на територијалниот спор.

Односите на Русија и Јапонија со години се во сенка на непостоењето на мировна спогодба. Јапонија претендира на островите Кунашир, Шикотан, Итуруп и Хабомај, повикувајќи се на билатералниот Трактат за трговија и границите од 1855 година. Токио, враќањето на тие острови го постави како услов за заклучување на мировната спогодба со Руската Федерација.

СССР и Јапонија во 1965 година потпишаа заедничка декларација. Советскиот Сојуз се надеваше дека таа декларација ќе го заврши недоразбирањето, но Јапонија сметаше дека документот е само дел од решението на проблемите и не се откажуваше од претензии за островите. Подоцнежните преговори не дадоа резултати заради што мировна спогодба по Втората светска војна никогаш не е потпишана.