Нови мерки во Париз: Маските задолжителни и на отворено

LinkSense.mk

Во Париз е повторно на сила одлуката за задолжително носење заштитни маски на јавни собири на отворено заради скокот на стапката за заразување со корона вирус во француската престолнина, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се додава дека маските ќе мораат да се носат на собирите во јавните простори, на фестивалите и манифестациите, на пазар и кога граѓаните чекаат во редица.

Франција со денови бележи околу 33.000 нови случаи со корона вирус, а надлежните настојуваат да го сузбијат ширењето на петиот бран од епидемијата.

(Фото: ЕПА)