Нови „чизми перничиња“ на „Луј Витон“

Перничињата се вистинско освежување на самиот врв на трендовите оваа година. Имено, француската луксузна компанија „Луј Витон“ има идеја со фокус на удобноста, мекоста и волуменот…

Токму таму се дизајнираа „чизми перничиња“, инспирирани од домашниот лежерен стил. Новата хит обувка има за цел да биде потопла, удобна, а модерна. Дизајнот е потпишан од креативниот директор на „Луј Витон“, Николас Геские.

Овие чизми беа претставени како дел од колекцијата пролет 2021 година и веќе станаа хит на интернет.

Овие чизми, коишто според сите проценки, ќе ја одбележат зимскатасезона, доаѓаат во неколку бои и нијанси – од бела до зелена.