Нови 528 заболени со Ковид-19, починале 13 луѓе

LinkSense.mk

Во последните 24 часа, од направени 4.323 тестирања, регистрирани се 528 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најповеќе има во Скопје, вкупно 200.

Во Битола има 53 новозаболени, во Прилеп се 42, во Кавадарци 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, во Крива Паланка и Пробиштип по девет, во Кратово и Демир Хисар по седум, во Тетово, Ресен и Валандово по 6, во Гостивар и Неготино по четири, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево по три, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија по двајца, а Македонска Каменица, Дојран и Пехчево по еден новозаболен.

Регистрирани сe 327 оздравени пациенти. Во Скопје – 133, Битола – 37, Куманово – 27, Кавадараци – 19, Тетово – 18, Велес – 14, Штип и Охрид – по 10, во Прилеп осум, Кочани, Струмица и Крива Паланка по седум, Гевгелија, Валандово и Кичево по четири, Пробиштип, Демир Хисар, Свети Николе и Радовиш по три, во Неготино и Крушево по двајца и во Кратово и Гостивар по еден оздравен.

Во изминатиот ден починале вкупно седум лица: четворица во Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), двајца во Свети Николе (76г и 84г) и едно лице во Кавадарци (65г). Седумината се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.

 

 

 

(Фото: Макфакс)