Нов биланс: Во поплавите во Јапонија починаа 199 луѓе

LinkSense.mk

Во поплавите и свлечиштата на западот на Јапонија загинаа најмалку 199 лица, рече денеска портпаролот на јапонската влада.

Претходниот биланс на бројот на настрадани беше 176 луѓе.

Покрај 199 починати, властите наведуваат дека каки исчезнати се водат повеќе десетици луѓе, медиумите споменуваат бројка од околу 60 исчезнати. Владата информира дека овој трагичен податок за жртвите не е конечен.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе на состанокот на кризната група нареди да се работи што е можно побрзо на спасувањето на загрозените, посочи портпаролот на владата Јошихиде Суга во неговото обраќањето за новинарите.

Абе кој ја откажа посетата на четири земји, вклучувајќи ги Белгија и Франција, вчера ја посети провинцијата Окајама, една од најтешко погодените заеднос о Хирошима, и планира да посети уште еден погоден регион денеска.

Премиерот не даваше изјави но кратко разговараше со неколку настрадани жители.

Ова е најтешка метеоролошка катастрофа која ја погодила Јапонија од 1982 година.

Владата се преиспитува околу методот на проценка на опасноста која реално се уште трае и направените штети, додека опозицијата остро го критикува нејзиното делување во кризата кое се оценува како задоцнето.

Последните години видовме катастрофи поврзани со дождови, многу поубиствени отколку порано. Треба да преиспитаме што може да стори владата за да го намали нашиот ризик“, рече денеска владиниот портпарол Суга.

Илјадници жители од загрозените подрачја се сместени во јавните згради, додека другите се прифатени од роднини или пријатели.