Нов Зеланд: Еден заразен, цела држава во карантин

Цел Нов Зеланд е во карантин откако, првпат после шест месеци, во најголемиот град Окланд е пријавен нов случај на зараза со ковид-19.

Премиерката Џасинда Арден ја стави денеска целата земја под строг карантин во следните три дена, додека градовите Окланд и Коромандел, приморски град во кој заразеното лице исто така престојувало, ќе бидат затворени седум дена.

Арден истакна дека властите претпоставуваат дека новиот случај е впрочем инфекција со делта видот на корона вирусот, иако тоа сеуште не е потврдено. Таа, меѓутоа, додаде дека можеби постојат и други случаи.

Најдобро што можеме да направиме за да излеземе од ова што е можно поскоро е да вложиме големи напори“, изјави Арден на конференцијата за новинари.

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, во склад со воведувањето на најстрогите правила за заклучување, училиштата канцелариите и сите компании ќе бидат затворени, а во функција ќе бидат само важните услуги.

 

 

(Фото: АП)