Нов напад во Истанбул: Двајца ранети во џамија

Најмалку две лица се ранети кога непознат напаѓач влегол во џамија во Истанбул извадил пушка и почнал да пука во насобраните.

Нападот се случи во џамијата Хасан Паша од Алжир, која се наоѓа во северниот, европски, дел од градот.

Полицијата поведе истрага за нападот во округот Сарија.

Новиот напад се случи само неколку часа после масакрот во популарната истанбулска дискотека во којшто настрадаа 39, а беа ранети 68 лица.