Нов оружен инцидент во САД: Најмалку четворица мртви

Најмалку четири зила загинаа, а повеќемина се ранети во оружениот инцидент во градот Оринџ, недалеку од Лос Анџелес, јавуваат локалните медиуми, додека полицијата информира дека на местото на случувањето има повеќе жртви.

Медиумите информираат дека напаѓачот е уапсен, но повеќе детали за настанот не се познати.

Локалната телевизиска станица КНБЦ и ЦНС од Лос Анџелес објавија дека има четворица мртви, меѓу нив и дете, а дека двајца се ранети.

Полициската управа на Оринџ на својата фејсбук страница кусо соопшти дека во инцидентот во деловниот комплакс бил вклучен и полицаец и дека состојбата е стабилизирана.